Таравари: ВЛЕН ќе им ја донесе долгоочекуваната промена на Албанците

by Fokus

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата ВЛЕН одржаа митинг во Гостивар. Таравари во својот говор рече дека Гостивар ја победи ДУИ од 2016 година и дека и на овие избори победата на ВЛЕН ќе биде со уште поголема разлика.

„Победите овде од Гостивар од 2016 година се редат една по друга, а нема дилема дека повторно ќе се извојува во Гостивар на 24 април, но не ја знам разликата. Се уште се сомневам дали ќе победиме во Гостивар со 5.000, 6.000 или 7.000 разлика против нашиот противник“, изјави Таравари.

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари, истотака ја истакна важноста на последните три дена од кампањата, подвлекувајќи дека оваа трка е за него лично.

„Во среда се гласа и се работи лично за мене. Знам дека секогаш ме поддржувавте, во секој политички натпревар и не се сомневам дека повторно ќе го дадеме својот максимум, да ја направиме најголемата разлика во Гостивар“, рече Таравари додадавајќи дека обединетата албанска опозиција ќе ја донесе долгоочекуваната промена кај Албанците.

Поврзани новости