Таравари вели дека го примил писмото од докторите од „Козле“: Ќе разговарам и со директорката па ќе донесам одлука“

by Fokus

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека добил писмо од вработените во болницата во „Козле“, на кое, како што рече, потпишани се вработените, главно лекари. Таравари во изјава за ТВ21 рече дека ќе ја сослуша и директорката за да бидат присутни сите страни и потоа ќе се донесе одлука за случајот.

„Да, добив писмо од колективот каде што се потпишаа вработените, главно лекари, сега треба да ја слушнам директорката за да можам да донесам одлука. Мора да се слушнат сите страни“, изјави Таравари.

Триесет доктори од Клиниката за респираторни заболувања „Козле“ со писмо до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Арбен Таравари и до националниот координатор за здравство бараат итно разрешување на директоката на болницата Каролина Симовска, поради незадоволство од нејзината работа.

Поврзани новости