Таравари вечерва испрати ненајавена инспекција во штипската Клиничка болница

by Fokus

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва испратил ненајавена инспекција во штипската Клиничка болница дознава „Фокус“ од извори во министерството за здравство.

Според нашите информации, инспекторите вечерва се предводени од државниот секретар на министерството за здравство доктор Владимир Милошев, кој со уште неколку инспектори треба да направат увид во работата на клиниката, која веќе неколку години ја следат низа скандали.

„Фокус“ досега објави фотографии од болницата, на кои можеше да се види во какви хорор услови работата вработените, а се лекуваат пациентите.

Пред десетина дена, првиот човек во здравството испрати инспектори и на скопската Клиника за гинекологија, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

И.М.

Поврзани новости