Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари утре на вонредна прес-конференција во Гостивар ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Коалицијата Европски сојуз за промени – ЕСП, соопшти вечерва партијата.
-Присутни на прес конференцијата ќе бидат и лидерот на Демократското движење, г. Изет Меџити, на Движењето Беса, г. Билал Касами, на Алтернатива, г. Африм Гаши, како и претставникот на Движењето Самоопределување!, г. Беким Ќоку. Прес-конференцијата ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар, се вели во соопштението.
Со ова партијата ги потврди неофицијалните информации кои беа објавени вечерва дека токму тој ќе биде кандидат за претседател од редовите на албанската опозиција.