835
Алијансата за Албанците би прифатила да биде дел од новата Влада заедно со Демократската унија за интеграција (ДУИ), само доколку мандатар биде Насер Зибери, во сите други случаи се за ДУИ да отиде во опозиција.
Ова за Телма го вели генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, истакна Таравари.