Таравари: Треската Хантан не се шири од човек на човек

by fokus

Се работи за подобрата варијанта на Хеморагична треска-хантан која не се пренесува од човек на човк, туку преку глодари, рече попладнево министерот за здравство Арбен Таравари во видео обраќање од САД.

Тој соопшти дека има два нови случаи на Клиниката за инфективни болести, но засега состојбата е под контрола.  Екипи на епидемиолошката служба на Институто за јавно здравје од Скопје и Гостивар денеска биле во селото Симница, направена е дезинфекција и дератизација во селото, секаде каде што се движеле починатите.

Епидемиолози биле и на одделот за инфективни болести во Гостивар каде им се дадени инструкции на лекарите и медицинскиот персонал како да постапуваат доколку има нови слуачи на заболени. Таравари нагалси дека во текот на оваа година имало уште четворица заболени со Хеморагична треска-хантан, но тие се излекувале.

Поврзани новости