2
Министерот Арбен Таравари, заедно со својата сопруга Нора Таравари, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Роза Мицкоска, заменик-министерот за здравство Јовица Андовски и заменик-министерот за социјална политика Ѓоко Велковски денеска го посетија бебето кое се роди прво во 2025 година.
„Со убави вести ја почнуваме новата година. На Клиниката за гинекологија точно една минута по полноќ се роди првото бебе годинава. Здраво машко бебе тешко 3190 грама, долго 50 сантиметри – соопштија од Министерство за здравство.
На настанот беа дадени пригодни подароци за првороденото бебе. Министерот Таравари ја посети и Специјалната болница по гинекологија Мајка Тереза во Чаир, каде беа дадени пригодни подароци на првороденото бебе во оваа болница.