Таравари со порака до сопругата за нејзиниот роденден: Нора, ти си мојот најдобар избор!

by Fokus
Министерот за здравство, и кандидат за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, денес со емотивна порака и го честиташе роденденот на сопругата Нора.

На својот Фејсбук профил, тој и се заблагодари за поддршката и сите жртви, порачувајќи и дека таа била неговиот најдобар избор во животот.

,,Да се биде лекар, значи дури и тој дел што треба да го посветите на семејството, треба да и го дадете на работата. Последниве години, дури и тие неколку слободни часови, ги посветував на подобрувањето на нашите животи во заедницата. Но, постои личност која го омекнува моето отсуство пред децата, ме поддржува повеќе од било кого, тивко се жртвува, никогаш не се предава, верува во нашата мисија и тука е за мене 24 часа во ден. Тоа е мојата сопруга, мојот најдобар пријател, мајката на моите деца, на која денес и е роденден! Среќен роденден Нора, ти си најдобриот избор што сум го направил во животот! Јас, Астрити и Арби сме среќни што те имаме!’’ – и порача тој на сопругата.

Таравари никогаш не ја криел својата љубов и верба во сопругата. Пред неколку месеци, за ,,Фокус’’ изјави дека целосно верува во изборите на Нора. Дури и кога било во прашање летувањето, тој секогаш оставал таа да ја избере дестинацијата, и никогаш не се случило да погреши во изборот.

,,Нора го има последниот збор. Но, досега секогаш се покажало дека направила одличен избор и имаме убави спомени од сите летувања’’ – ни кажа тој кон крајот на месец јуни годинава.

Од поранешната влада, ретко кој од министрите некогаш јавно збореше за својот животен сопатник. Јавно искажување на љубов, честитање на јубилеји, благодарност за поддршката, речиси никој не се осмели да покаже. Дури и на официјалната интернет страница на Владата, во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, според објавените биографии, само двајца министри навеле дека имаат сопруги. Предност им дале на податоците за образованието, професионалните успеси, и останатите квалификации, додека семејната состојба, намерно или не, ја изоставиле.

Вики Клинчарова

Поврзани новости