Нашите информации говорат дека СДСМ и ДУИ ќе одат со заеднички кандидати за градоначалници и посебни советнички листи на локалните избори, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Како што рече тој на Телма, и АА ќе влезе во преговори со ВМРО-ДПМНЕ и други опозициски партии за заеднички настап и меѓусебна изборна поддршка.
-Би влегле во такви преговори за поддршка на кандидати за градоначалници во одредени општини, но не за советнички листи. Ако успееме да се договориме меѓупартиски добро, ако не планот Б е да се остави секоја општинска организација самостојно да одлучи. Одредени анализи што ги правиме покажуваат дека како опозиција, со добра математика, може да победиме во три четвртини од општините, иако есапот од дома не излегува често на пазар – рече Таравари.