Таравари: Со членството во НАТО е обезбеден суверенитетот и интегритетот на Македонија

by fokus

Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари денеска на тригодишнината од членството на Македонија во НАТО порача дека сега е обезбеден суверенитетот и интегритетот на државата.

-На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана најновата членка на НАТО. Од овој момент, РСМ, како дел од најмоќната Северноатлантската алијанса, е безбедна држава и далеку од каква било опасност за суверенитетот и интегритетот на земјата. РСМ како членка на НАТО дава свој придонес за секоја земја во која мора да се обезбеди светскиот мир.Руската агресија врз Украина, загрозувајќи ја глобалната безбедност, уште еднаш докажа дека како дел од НАТО, нашите граѓани и земјата се заштитени од сојузот на најмоќните држави во светот, напиша Таравари на Фејсбук.

Тој додаде дека Алијанса за Албанците имала среќа да придонесе во процесот на членството на Северна Македонија во НАТО.

-АА со иста динамика и сериозност ќе даде политички и програмски придонес за забрзување на процесот за членство во ЕУ заедно со предизвиците на уставните измени кои се предуслов и примарна цел на членството на земјата во ЕУ, порача Таравари.

Поврзани новости