Таравари со честитки за Бајрам: Вредностите на исламот да не се заборават кога постот ќе заврши

by Fokus

Првиот човек на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари упати честитка до сите муслимански верници по повод празникот Рамазан Бајрам.

Таравари во честитката нагласува дека начелата од месец Рамазан треба продолжат да се негуваат и понатаму со мир, љубов и почит еден кон друг.

„Утре е голем празник за сите муслимански верници кај и да се! Посакувам вредностите што нè учи исламот да не се заборават на крајот од овој пост и да се паметат само за Рамазан следната година! Нека овие принципи бидат водич за секој час и за секој ден, за секој од нас! Среќен Бајрам на сите и исполнете го секое семејство со Божја светлина! Честитки!“ – се вели во честитката на Таравари.

Поврзани новости