Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари смета дека доколку дојде Алтернатива да прифати да влезе во новиот состав на Владата, таа нема да трае долго.
„СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, има и неисполнети ветувања како кон граѓаните, така и внатре во владејачката коалиција, ако Алтернатива влезе во таа Влада, тоа ќе биде нивна одлука, но сметам дека таа Влада нема долго да трае и оти идната година ќе биде изборна“, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, пред епилогот од денешната средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши.