Таравари сигурен:„Албанската опозиција ќе ја порази ДУИ со разлика од 2-3 пратеници“

by Fokus

Опозициската коалиција ќе ја порази ДУИ на изборите со минимум два до три пратеници, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Татравари во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21.

Како што вели тој, последните анкети покажувале предност во бројот на гласовите, па очекуваат ДУИ да замине во опозиција.

„Воопшто не кажувам бројки, но мислам дека ќе има минимум 2-3 пратеници повеќе разлика во однос на ДУИ“ рече Таравари.

Ги откри и понудите што ги добил од ДУИ но и од албанската опозиција.

„Им ставив до знаење дека опцијата за да се оди со ДУИ отпадна. Имаше понуди нормално бидејќи преговаравме. И опозицијата и ДУИ, понудата беше 60-40 проценти за изборните листи“ додаде Таравари.

Зијадин Села, како што рече, побарал од него да не прифаќа соработка со Беса, но неговиот одговор бил дека нема друго решение бидејќи сами не можат да ја поразат ДУИ. Според Таравари, за ДУИ најдобро би било да премине во опозиција бидејќи, како што вели, треба да се прочистат и да излезат со нови ликови на изборите во 2028 година.

Поврзани новости