Министерот за здравство – Арбен Таравари на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје рече дека е добро што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.
„Ние ги разгледавме со екипата, со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одредени пропусти, лекарски – има“ одговори Таравари.
Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнат да веруваат во системот.
Инаку, директорката на „Козле“ соопшти во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе дека „формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст“.