Таравари: Референдумот е луксуз кој скапо ќе ја чини државата

by fokus

Алијансата за Албанците ќе го поддржи најавениот референдум, но одржувањето на референдумот е луксуз што скапо ќе ја чини државата, рече Арбен Таравари, генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците.

Таравари во изјава за МИА го појасни ставот за поддршката нагласувајќи дека неговата партија конечниот став ќе го каже кон крајот на август за кога е закажано Централното собрание на партијата.

– Начелно, Алијансата за Албанците ќе се изјасни позитивно на референдумот. Недавањето поддршка на собраниската седница од страна на нашите пратеници за распишување референдум беше став со кој сакавме да укажеме дека нема потреба од такво нешто. И без и со референдум, пратениците повторно треба да ги гласаат измените во Уставот кои се наведедени во Преспанскиот договор и обврските кои произлегуваат од него. На овој начин, државата ќе направи големи трошоци и е непотребен луксуз, рече Таравари.

Тој смета дека сите Албанци во Македонија ќе се изјаснат позитивно на референдумското прашање.

Поврзани новости