Арбен Таравари – лидерот на Алијанса за Албанците за „Еуроњуз Албанија“ рече дека оваа иницијатива ја споделиле со премиерот на Албанија, Еди Рама и со премиерот на Косово, Албин Курти, но немало инсистирање за било што од нивна страна.
– Разговаравме со Курти и Рама на заедничка средба, но тоа не беше нивно инсистирање. Бевме убедени дека со кандидатура на Албанец постои реална можност албанскиот кандидат да оди во вториот круг и да ја покаже вредноста на Албанците во Северна Македонија. Немаше ниту инсистирање, ниту поддршка, ниту од Курти, ниту од Рама, туку разговаравме со нив – изјави Таравари.
Тој додава дека одлуката за кандидирање е донесена откако неколку анкети покажале дека Албанците првпат имаат можност да влезат во вториот круг на претседателските избори.
– Направивме некои анкети и мерења на јавното мислење и врз основа на нив излегува дека Албанците првпат можат да влезат во втор круг на претседателски избори, па врз основа на нив испадна дека вреди да се натпреваруваме и да испишеме историја во Република Северна Македонија – вели Таравари.