Арбен Таравари – лидерот на Алијанса за Албанците на прашањето од новинарите за тоа што ја чека Северна Македонија доколку не се изгласаат уставните промени, рече дека има јасни сигнали дека Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија.
„Не сакам да верувам во тоа, сега веќе се гледаат јасни сигнали и од македонската опозициска партија, ВМРО, дека се спремни да ги гласаат уставните промени. Не е важно како ке изгледа следната влада, или како ќе се организира владата во следните шест месеци, тоа што е важно е дека се даваат јасни сигнали дека Северна Македонија најверојатно ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија“ рече Таравари.
Според него, воопшто не би било добро ако државата не ги започне преговорите со Европската Унија, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на евроинтеграциите.
Тој вчера на прес-конференција рече дека за неговата партија евроинтеграциите се примарни и дека прво треба да се направат промените во Уставот, а потоа да се почне со отворање на преговорите.