69
Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците ќе биде кандидат за претседател на албанската опозиција, јавува Алсат.
Одлуката била донесена вечерва на заедничка средба на лидерите на Европскиот сојуз за промени, а се очекува наскоро да биде и официјално соопштена.
Претходно денеска, лидерот на Алтернатива Гаши на Фејсбук напиша дека албанската опозиција многу скоро ќе го објави својот кандидат за претседател за кого рече дека ќе биде почитувано име кое ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во С Македонија по првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата.