„Минатата Влада упорно промовира изградба на Клинички центар, а всушност не се работи за Клинички центар, туку само една зграда за интерни клиники, и тоа е само парцијално решение“, истакнува министерот за здравство Арбен Таравари во реакција за изградбата на новиот Клинички центар.
По нивниот план и проект, смета Таравари, предвидено е да се изгради само една зграда во којашто ќе бидат сместени интернистичките гранки, додека во стари објекти ќе останат хирургија, онкологија, гинекологија, кардиологија и кардиохирургија, инфективна, педијатрија.
„На Македонија и треба комплетно нов Клинички центар, имајќи предвид дека местото и местоположбата на сегашниот клинички центар воопшто не се адекватни. Сакаме да изградиме Клинички центар според врвните светски стандарди, каде што ќе има повеќе влезови, паркинг, меѓусебно поврзани клиники, како што препорачуваат стручните лица и инженери, специјализирани во оваа област“, посочува Таравари.