Таравари по разрешувањата на директорите: Промената е почната, не губете време со заплашувања

by Fokus

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари порача дека напорите на поединци да заплашуваат активисти на АА со класичниот метод на системот „бркање од работа“ е само губење време. Тоа следи по одлуката на Владата на денешната седница да разреши двајца директори од оваа партија.

„Залудно е. Промената е почната и никој и ништо не може да го врати процесот назад. Вие што ја користите моќта на овој начин, ве повикувам да купите календар или да го погледнете календарот на вашиот мобилен и да прочитате… 8 мај е многу, многу блиску! Разликите што ги имаме во АА, оставете да ги решиме на наш демократски начин и не се срамете со вакви постапки бидејќи уцената не поминува кај ниеден член на АА“, напиша Таравари на Фејсбук.

Министрите за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за здравство Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците, вечерва одржаа прес-конференција на која рекоа дека постои една група во партијата која „за нејзини цели, се здружи со ДУИ и прави таков притисок за АА да оди заедно со ДУИ на изборите“. Тие го обвинија Артан Груби дека ги одбил сите нивни предлози на денешната владина седница.

Поврзани новости