Таравари: По 31 октомври ќе објавиме снимки со факти, засега се испратени само до институциите

by Fokus

Кандидатот за градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во интервју за Сител обвини дека во првиот круг на локалните избори во градот, според нивните математики и пресметки тој победил, но потоа се случило нешто што не можел да го објасни и за 30 гласа не поминал во првиот круг за градоначалник на општината. Според Таравари, се работи за ујдурма и имало многу неважечки листови.

-Не можеме да откриеме каде е ујдурмата, но дефинитивно има многу неважечки листови. Дефинитивно некој ги заокружувал гласачките ливчиња. Не знам како успеаја, но се надевам дека ќе ги победиме уште повеќе во вториот круг. Имаме доста факти и аргументи кои ќе ги објавиме по изборите, за злоупотреби, за тепање. Јас не гледам никакво мрдање од институциите за сето тоа да се спречи во вториот круг. Ќе ги згазиме во вториот круг, па ако треба ќе одиме и на трет, на четврт круг. Полициската станица во Гостивар е претворена во втор штаб на ДУИ. Сите факти и аргументи ќе ги објавиме по 31 октомври, бидејќи ако ги објавиме претходно граѓаните ќе се згрозат. Овие снимки се испратени и до претседателот на државата, до министерот за внатрешни работи. Очекував барем од претседателот на државата да каже барем пола збор, вели Таравари.

За Али Ахмети, Таравари вели дека е со интелигенција под просекот, дека тоа го тврди како доктор и само во Македонија може тој да краде и да прави ујдурми и никаде на друго место.

Поврзани новости