Таравари откри во кој случај ќе продолжи преговори со Ковачевски

by Fokus

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата.

-Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски, изјави Таравари пред средбата со Ковачевски.

Според него, првата и најбитна точка е пакетот на Алијанса за борба против корупција и криминал и функционирањето на државата.

-За другите точки мислам дека е некоректно сега да зборувам пред да ги презентираме пред партиите од Владата, рече Таравари.

Поврзани новости