516
Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Арбен Таравари во изјава за медиуми по остварувањето на правото на глас, изрази оптимизам за резултатите по гласањето во вториот круг.
-Се надевам и очекувам денешниот ден да помине во фер и демократска атмосфера, без притисоци. Навечер очекувам да победи подобриот, оној со поголем квантум на гласови. По сите изгледи ние победуваме и сме апсолутни фаворити. Тоа се виде и во првиот круг, само денес тоа треба да се потврди уште еднаш, изјави Таравари.