Таравари: Невозможна мисија е да се промени преговарачката рамка со ЕУ

by Фокус

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата Вреди, за Трилинг вели дека има реални шанси да биде министер за здравство во новата влада што ќе ја предводи Христијан Мицкоски.

– Ми требаат неколку консултации во партијата. Разговараме во Централното претседателство, разговараме и во Општината. За мене уште еден битен елемент – дали граѓаните би гласале уште двапати до следните локални избори – посочи Таравари.

Тој посочи дека топ-приоритет на државата е започнување на преговорите со ЕУ.

-Да се одржи европскиот пат на државата, што побрзо толку подобро. Да изнајдеме решени кое ќе е прифатливо и за идната влада во Бугарија. Работиме интензивно, сепак не зависи само од Вреди, повеќе зависи од идниот премиер. Тука сме да го охрабруваме за што побрзо да се случат уставните промени. Има одредени варијанти за временската рамка за уставните измени, тој ексклузивитет го има идниот премиер, да почекаме да завршат европските избори – изјави Таравари.

Тој смета дека не се реални очекувањата и оти е „невозможна мисија“ да се промени преговарачката рамка со ЕУ.

– Постојат 2-3 модалитети прифатливи за Скопје и Софија. Има опции за кои се размислува интензивно за да биде решение кое многу брзо може да помине. Овој мандат не само што ќе започнат преговорите со ЕУ, може и многу брзо да течат. Не се сомневам дека сите што сме дел од идната влада имаме искрени и чесни намери. Да се бориме искрено со криминал и корупција, да го одржуваме здравството, да бидат паралелни процеси. Има бројки оваа влада. Ако се најде решение Скопје – Софија, може веднаш да поминат уставните промени – вели Таравари.

За договорот со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ околу владините ресори смета дека распределбата е коректна во однос на целокупната ситуација. Според него, не се многу битни бројките и институциите, туку битни се луѓето кои ќе раководат и меѓусебниот респект во идната влада.

Поврзани новости