172
До крај на годината нема зголемување на платите во здравството, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
„Искрен да бидам до крај на година тешко дека ќе имаме зголемување на платите, бидејќи имаме огромен буџетски дефицит. Се надевам дека во здравството нема да има огромно кратење на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември. Имав состанок со синдикатите и повторно ќе имам, ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор “ рече Таравари.
Тој сепак додаде дека пари за вработувања во здравството ќе има.