Таравари: Нема лекарски пропуст за починатите близначиња од прилепската болница

by Fokus

Немало лекарска грешка во лекувањето на новородените близначиња кои починаа во болницата во Прилеп во јануари годинава, вели министерот за здравство Арбен Таравари.

„Нема стручна грешка, да имаше, веднаш ќе бевте известени и ќе се преземеа чекори за дисциплински мерки. Меѓутоа и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручната комисија од Министерството за здравство констатира дека нема лекарски пропуст“ изјави Таравари.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 22 јануари соопшти дека ќе бара да се спроведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата близначиња од прилепската болница што починаа на 16 јануари.

Поврзани новости