Нема да се користат сини картони за лекување, туку само со лична карта и старата здравствена книшка, истакна денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
– Ваква одлука донесовме на денешната средба со двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, со претставници на „Мој термин“ и со претставници на приватните доктори. Проектот е почнат во 2010, а картичките се користат од 2012 година. Тие картички воопшто не се користат и така ќе продолжи додека не најдеме поинакво решение. Сини картони нема да бидат потребни, само со лична карта и старата здравствена книшка лекарите можат да го проверат статусот на осигурување на лице место и ако се во зелено значи се в ред, ако е црвено значи не се осигурени, -истакна Таравари.
Тој ги повика колегите од здравството да не ги враќаат пациентите, кога на многу едноставен начин да се провери здравственото осигурување на пациентот.