Според министерот за здравство Арбен Таравари медицинската сестра на Детската клиника, која беше обвинета дека му нанела физички повреди на бебе, не била оцрнета.
Тој рече дека и денеска не се сретнал со неа, бидејќи не била на работа, но се видел со Комисијата.
Според сознанијата што ги има тој, повредата на бебето не настанала намерно.
„Не е вистина дека сме ја оцрниле. Вечерта кога бевме кај бебето реков дека не сакам да предрасудувам и дека треба да ја слушнам и другата страна. Се надевам дека сестрата, кога ќе дојдам по четврти пат на Клиниката, ќе ја најдам, ќе ја сретнам и ќе разговарам и со неа. Меѓутоа сега имам доволно информации и најверојатно, според тоа што го кажуваат дежурните доктори и болничарката, но и другата сестра што била заедно на дежурство дека не е намерно и јас посакувам и се надевам дека не е така“, рече Таравар.
Во однос на неговата тогашна објава, дека се работи за монструозен чин, Таравари рече дека доколку тоа намерно е направено тогаш „мислам дека навистина е монструзен чин за било кое дете и од било кој здравствен работник“.