631
Алијанса за Албанците чека да види дали владејачките партии ќе ги исполнат нејзините барања за влез во владиното мнозинство и ако тоа не се случи, претседателот на партијата, Арбен Таравари, смета дека најверојатно ќе се оди на избори.
„ Доколку АА не влезе во Влада, тогаш 100% нема да бидат обезбедени 80 пратеници и најверојатно ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Доколку влеземе во Влада, тогаш ќе дадеме шанса да се обезбеди бројката од 80, но дали тоа ќе се случи не зависи од нас“, рече Таравари.
Тој вели дека нивните барања не се кадровски, туку повеќе програмски.
„Нема веќе Министерство за бурек. Вие знаете дека не прифаќаме такви министерства“ изјави Таравари.