Таравари: Не можам да разберам зошто Филипче не презема чекори приватните болници да бидат напомош

by Fokus

Првиот човек на Општина Гостивар, Арбен Таравари е сериозно загрижен за состојбата со корона вирусот во земјава, а тоа дополнително го отежнува и доцнењето на вакцините. Од друга страна, околните земји веќе масовно се вакцинираат во изминатите месеци.

„Алармантно е максимално, гледаме бројките се загрижувачки. Во Велика Британија имаше 254 починати, кај нас има 263 починати. Ова се загрижувачки бројки, да не зборуваме за капацитетите во болниците. Како лекар зборувам, повеќето пријатели ми кажуваат дека нема место по болниците, има огромен број пациенти кои се третираат во домашни услови. Мора државата да направи протокол по кој ќе се водат фамилијарните доктори, се уште не можам да разберам зошто министерот не презема чекори приватните болници да бидат напомош. Таму се плаќа петпати, па и десетпати поскапо. Крајно време е министерот да донесе одлуки сите капацитети, и во приватните клиники, да и се отстапат на државата, додека трае овој трет пик. Македонија е петто место во свет по починати на милиони жители за последните 7 дена, од 153 држави кои се испитуваат, кои даваат официјални податоци. Први сме во регионот по стапка на наталитет, за жал недостасуваат се уште вакцини, последни сме во регионот“ вели Арбен Таравари во Студио 10 на ТВ24.

Поврзани новости