83
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, поврди дека опозициските парии на Албанците разговарале тој да биде нивен претседателски кандидат на претстојните избори, но вели оти тој не е заинтересиран.
„Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран“, истакнал Таравари во изјава за МИА.
.Дека на Арбен Таравари, чија партија е дел од парламентарното мнозинство заедно со СДСМ и ДУИ, му било предложено да биде претседателски кандидат на опозициските партии на Албанците, објави лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во синоќешното интервју за Радио-телевизија Косово (РТК).