768
В.д. претседателот од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Макфакс“ истакна дека АА ќе учествува на лидерската средба која ја свика премиерот Димитар Ковачевски.
„Ја прифативме лидерската средба со Ковачевски, имавме заеднички став дека треба да се оди. Ќе одиме, ова е важен момент за државата. Уставот ни е крпен и треба да се седне и да се направи устав што ќе биде прифатлив“, рече Таравари.