Таравари: Наместо да кажат каде е куферот на Боки, Владата со инспекции нам ни врши притисоци

by fokus

Во последните три недели нема ден, а да нема некоја од државните инспекции во општините во Полошкиот Регион, поконкретно во Гостивар, Врапчиште и Боговиње, вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој на денешната прес-конференција обвини дека старо-новата влада на СДСМ и ДУИ му врши притисок врз работата и ѝ порача да се фокусира на вистинскиот криминал, а не во општините каде што раководи Алијансата за Албанците.

-Ние очекувавме од новата влада денеска да каже каде е куферот на Боки со не знам колку пари. Очекувавме да се расветли и случајот на Ден Дончев или ‘Маѓар телеком’. Очекувавме дека можеби ќе ги расчистат случаите со каубојите на ДУИ кои пукаат по свадби. Но, ништо од тоа, целата Влада е концентрирана во општините каде што е Алијансата за Албанците, рече Таравари, кој додаде дека не е против инспекторите да работат, туку тоа да се прави селективно.

Поврзани новости