Таравари најавува протести: Ќе бидеме поагресивни

by fokus

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека Алијанса за Албанците по својот партиски конгрес ќе биде поагресивна во барањата за предвремени избори.

-Секако ќе излеземе и на улица. Ние ќе го одржиме конгресот на 27 март. Имаме стратегија како ќе делуваме како опозиција, ќе бидеме поостри, поагресивни и ќе бараме правда по секоја цена, вели Таравари.

Денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека предвремени парламентарни избори ќе мора да има, порано или подоцна.

Поврзани новости