393
Министерот за здравство Арбен Таравари на денешниот отчет рече дека се поминати сите владини процедури за решавање на проблемот со паркинг на Клинички центар. Според него, треба да се објави јавно приватно партнерство.
Таравари потврди дека здравствениот систем се соочува со недостиг на средно медицински кадар и најави дека во договор со Министерството за финансии, ќе се направи координација барем половина од тие луѓе кои работат со договор на дело да им се реши работниот статус.
Исто така, тој на отчетот истакна дека имало и интерес од докторите што работат во приватното здравство да се вратат во јавното здравство.