Министерот за здравство покрена истрага за злоупотреба и корупција против поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, Илир Демири. Според Таравари, вакви инспекции ќе се вршат во сите клиники и здравствени установи.
„Има индиции дека имало злоупотреби од страна на поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, но дајте ни простор да излеземе со докази дали тоа е точно, а ако не тогаш ќе останат само индикации. Имаме само еден ревизор во Министерството за здравство и над 150 здравствени институции каде што ги разгледуваме повеќето од нив, така што е потребно време за да излеземе со конкретни извештаи за злоупотреби“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, Илир Демири ги отфрла обвинувањата на Таравари, вика дека инвестициите во тетовската болница биле транспарентни и дека додека тој бил директор, направил револуционерни промени.