Таравари: На одговорност ќе бидат повикани сите кои несоодветно се однесувале со тримесечното бебе

by Фокус

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва во објава на Фејсбук информира дека дознал за случајот со претепаното тримесечно бебе на Клиниката за детски болести, за кој првично објави порталот „Икс“.

Семејството на бебето, како што додава Таравари, а како што и претходно објави медиумот, се сомнева дека детето било нападнато по вербална расправија со медицинските сестри за време на приемот во болницата.

Наводно, расправијата се случила бидејќи мајката на детето не знаела да комуницира на македонски јазик.

„Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети“, пишува Таравари.

Поврзани новости