Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател, Арбен Таравари, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори зошто се разминале со Зијадин Села, посочувајќи дека тој го знаел неговиот став за ДУИ.
„Му кажав на Села, ако одиме со ДУИ јас ќе излезам од партијата, а да настапиме сами немам против. Ако настапиме сами и да изгубиме не е некаков проблем, тогаш Таравари ќе даде оставка од претседател и толку. Народот сакаше промена, заедно со ДУИ не е промена“, вели Таравари.
Тој вели дека реалноста е дека ако излегле сами на изборите само ќе му направеле услуга на ДУИ.
„Само здружени со опозицијата може да ги победиме. Кога му се придружив на Села тогаш беше заради тоа да ја донесеме промената, а не да направиме услуга на некого“, порача Таравари.