Доскорешниот кандидат за претседател од „Вреди“, Арбен Таравари, вели дека добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја сфатила, како што посочува, тежината на гласот и на пратениците Албанци.
Тој вели дека сега ќе се фокусираат на изборите, а после 8 мај при формирање на новата влада ќе се водат од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нивната непреговарачка прозападна ориентација.
-Предлогот на Мицкоски покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ разбрала каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци. Но, нашиот фокус како коалиција и како партија е работата за изборите на 8 мај, за најголем број мандати. По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нашата непреговарачка прозападна ориентација.
Ние како Вреди сме пообединети од кога било. Нашиот глас е мнозинство од гласовите на Албанците. Нашите мандати одат кај пратениците Албанци. Бидејќи ние го штитиме напредокот на Албанците, не ги продаваме и не ги купуваме – порача Таравари.
Инаку, Мицкоски на прес-конференција по затворањето на гласачките места во средата кажа дека телефонски се слушнал со претседателскиот кандидат на Вреди и му честитал за резулатот.
-Се слушнав со албанската опозиција, со г-динот Арбен Таравари, му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори, идна влада во Македонија – рече Мицкоски.