Доктор Арбен Таравари во денешното гостување во 24 анализа потенцираше дека состојбата со Kовид 19 е загрижувачка, односно кај нас прцентот на позитивни секојдневно расте. Според него, на милион починати ние сме први со околу 400 починати.
-Македонија е апсолутен шампион во регионот, псоле нас е Косов, па Босна и Херцеговина. Процентите се највисоки во однос на сите држави во нашето соседство. Есенскиот бран започна во сите држави и тоа беше очекувано, рече Таравари.
Според него, изборната кампања беше каписла за зголемувањето на бројот на нво заразени, како и свадбите, забавите и собирањата. Тој смета дека мора да се работи, но и да се придржуваме кон протколите. Смета дека Комисијата нема стратегија и протоколи како да се третираат пациентите со ковид 19.