Министерот за здравство Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека некои од лекарите кои беа апсени за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се политички монтирани случаи.
– Некои лекари, системот намерно ги ставаше во таква позиција за да бидат наместени. Имаше доста такви монтирани случаи, посебно со инвалидските пензии, со лекарите што беа притворени од сите комисии. Тие беа апсени на спектакуларен начин, со шмајзери, панцири, пред деца, сѐ со цел пред народот да се создаде перцепција дека белите мантили се криминалци. А во меѓувреме истата таа власт ги оставаше тие луѓе во комисиите да бидат и по три-четири години, иако еден мандат на таа комисија трае само една година. Јас бев во таа комисија и по една година си поднесов оставка – истакна Таравари.