584
„Мислам дека Ковачевски е „кукла“ на Заев кој го контролира“, изјави Арбен Таравари во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
„Човекот ми изгледа дезориентиран, недефиниран, како да и самиот не знае што прави, што значи нема свои ставови кои се лично негови, тој нема јавни настапи на кои презентира лично негови ставови. Јас имам впечаток дека на него му даваат што да чита, му даваат насоки како да чита, ова е мој личен впечаток“, додаде Таравари.