Таравари: Ќе бидеме дел од коалицијата што ќе ја победи ДУИ!

by Фокус

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците
Ќе БИДЕМЕ ДЕЛ ОД КОАЛИЦИЈА ШТО ЌЕ ЈА ПОБЕДИ ДУИ

Не можам со сигурност да го прогнозирам развојот на случувањата на изборите во македонскиот блок, но јасно е дека ќе имаме неизвесна политичка битка, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, во изјава објавена во последниот број на неделникот Фокус.

Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ. Па, како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање? – прашува Таравари.

Тој додава дека преговараат со БЕСА и Алтернатива за предизборна коалиција, воедно истакнувајќи дека потребите и расположението на гласачите упатуваат на тоа дека Алијансата ќе биде дел од коалицијата која што ќе ја победи ДУИ.

– Формирањето на Влада зависи од две работи – бројките и компатибилноста во програмите. Апсолутно не исклучуваме можна соработка со некоја од двете поголеми партии во македонскиот политички блок доколку се исполнат овие услови. Посакуван партнер гледаме во тој којшто ќе покаже дека иднината на оваа држава му е многу поважна отколку битката за да се застане на тронот – посочува Таравари.

Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости