Арбен Таравари, по денешниот состанок на коалицијата „Вреди“ рече дека опозицијата дејствува агресивно. Ја повика ДУИ да дејствува како позитивна опозиција, побара да им дадат 100 дена, па потоа да критикуваат.
„Вчера имаше собир на ДУИ во Гостивар и искрено изгледот на господинот Ахмети е разочарувачки и депресивен меѓутоа треба да се навикнат полека. Јас ги охрабрувам да бидат позитивна опозиција, да бидат како што им прилега. Уште сметам дека господинот Ахмети е паметен човек и ќе знае да работи убаво во опозиција. Јас им посакувам добри опозициски денови и здравје. Меѓутоа почна некако многу агресивно, првите три недели некако се им пречи, не можат да се навикнат, треба време. Ќе се навикнат и после сто дена. Да ни дадат сто дена бидејќи се што не критикуваат, било што да се каже, веднаш три-четири реакции што не ни изгледаат дури ни демократски. Треба сто дена, после сто дена – тука сме и да не критикуваат и да ни кажат што е сработено добро“ – порача Таравари.
Во Тетово коалицијата „Вреди“ денеска одржа состанок на координативното тело.
Биљал Касами од Движење Беса рече дека „барањето на гласачите на оваа коалиција полека да се движи во насока на хомогенизација на структурите или формирање на заедничка структура, со која ќе треба подобро да одговориме на барањата на нашите гласачи во однос на реализацијата на проектите и програмата со која го доби легитимитетот на албанските гласачи“.