Предлогот на Арбен Таравари партијата Алијанса за Албанците да настапи со албанскиот опозициски блок на следните избори, доби поддршка од членството на партијата. Како што објавија на нивната Фејсбук страница, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.
„ Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на Собранието од вкупно 133 колку што брои Собранието. Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа“, објавија од партијата.
Во моментов е прес-конференцијата на Зијадин Села, кој се спротивстави на иницијативата на Таравари. Тој вчера порача дека Таравари е поединец и не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.