Таравари: Имаме мнозинство од 61 пратеник, утре ќе имаме став за сѐ

by fokus

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, кој беше во Собрание со ВМРО-ДПМНЕ, Левица, БЕСА и Алтернатива од каде објавија дека е формирано ново парламентарно мнозинство, во краток разговор за „Фокус“ само потврди дека обезбедиле ново парламентарно мнозинство од 61 пратеник.

-Утре ќе имаме став за сѐ, изјави Таравари кој не сакаше да даде детали каков договор е постигнат и што ќе се случува сега, дали ќе се формира нова Влада или ќе има предвремени избори.

Детали за новото мнозинство најави за утре на партиска прес-конференција.

Поврзани новости