Таравари и ДУИ си разменија обвинувања

by fokus

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, вели дека ДУИ врши мобинг, притисок и политичка одмазда врз државните службеници кои не го делат политичкото убедување со интегративците.

-Алијанса за Албанците последниве денови доби многу пријави од граѓани, вработени во органи и разни јавни и државни институции, за вршење притисок, мобинг и политичка одмазда од страна на актуелната власт. Ова покажува дека како што правеа во секој изборен циклус, така и овој пат ДУИ започна со својата валкана предизборна кампања – истакна Арбен Таравари.

Од ДУИ, пак, реагираат дека Таравари е го чувствува поразот на локалните избори, поради што, според нив, тој се труди да го прикрие потфрлувањето во раководењето со Гостивар.

„Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гостивар, Арбен Таравари, чувствува симптоми на губење. Би било добро тој да го реши проблемот со отпадот, кучињата скитници-убијци, преоптоварениот сообраќај, недостигот од паркинзи и да ја напушти политичката агенда со измислици и пропаганда за да ги прикрие масовните неуспеси на Гостивар“, велат од ДУИ.

Поврзани новости