Таравари: Хрватска има и одлична морнарица, ама немаме море

by Fokus

По предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на хрватскиот модел за уставните измени, лидерот на владејачката Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Топ њуз“ вели „Хрватска има одлична морнарица, но не можеме да ја земеме за пример, затоа што ние немаме море“.

Тој вели дека неговата партија секогаш е со отворени врати за секој оној што ја гледа оваа земја подобро.

Алијансата за Албанците, според него, не ја анализирала иницијативата на ДУИ за Алијанса за Европа, но Таравари вели дека тоа е иницијатива која му се допаѓа пред се затоа што во основата го има името на неговата партија.

На прашање за уставните измени и коментар дека се чини дека „СДСМ и ДУИ како да имаат став дека сега Уставните измени се прават само за делот на вклучување на бугарската заедница, а не и за дефинирање на албанскиот јазик од 20 проценти” додаде дека приговорите на неговата партија се направени по консултација со „стручњаци од сите области”

„Во однос на прашањето за 20% сметам дека тоа е чорба која не е и доликува на ниту една партија, а камо ли на Уставот кој треба да биде најгордиот документ на една држава. Како СДСМ, а малку повеќе ДУИ, не сакаат еден извонредно историски и богат јазик, како што е албанскиот јазик, да се крие под навредливи термини како 29,36 или 48%“ – изјави Таравари.

Поврзани новости