Според министерот за здравство Арбен Травари, Градската општа болница „8 Септември“ треба да биде втора клиничка болница во Скопје.
„Мислам дека ГОБ „8 Септември“ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар „бекап“ за Клинички центар, рече Таравари.
Што се однесува до изградбата на нов клинички центар, министерот за здравство вели дека за 2025 година нема таков план. На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, тој одговори дека за 2025 нема таков план.
„За 2026 ќе зборуваме и ќе ви кажиме доколку има нешто конкретно, рече Таравари.
Одговарајќи на новинарско прашање за болницата во Штип, тој рече дека не само таа, туку сите болници биле оставени така како што биле. Тој изрази надеж дека по јуни ќе се почне со проект за реновирање, односно нови болници во Штип и Кичево.