Таравари го предизвикува Ахмети во трката за претседател на државата

by Fokus

Во статус на социјалната мрежа Фејсбук, претседателот на Алијансата за Албанците кој е кандидат за претседател на опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика Али Ахмети да го прифати предизвикот за претседателската трка.

„Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува… Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува со мене и да вие изберете кој најдобро ве застапува!“ – пишува Таравари на Фејсбук.

Таравари досега неколкупати го предизвикуваше Ахмети да влезе во трката, но на неговата покана засега нема одговор.

Поврзани новости